ARMAKEDON Lyrics & Tabs by Mizar

ARMAKEDON

guitar chords lyrics

Mizar

Album : TERRIBLE BEAUTY IS BORNPlayStop

Со тимпани и труби, торжества,
Го дочекаа младиот цар
На постела од свила безбожно дете

На новата правда син.
Среде ноќ волците вијат
Низ празни булевари со подземен крик
По кожа ми врват морници ладни
В глава ми удира гонг.
Од Исток до Запад
Од Тибет до Урал:
Terrible beauty is born!
Над главата ми фрштат тешки јазици
Од водата се ведат гнасни ѕверови
Го држам силно в рака крстот железен
Со верба дека сеуште сум со тебе

Од водата се ведат гнасни ѕверови
Го држам силно в рака крстот железен
Со верба дека сеуште сум со тебе
Лажен сум бард на бродот наречен пропаст
Поморец без очи и без глас
Изгубен сум син на стравот од вода и од пламен
Со глава нурната в длабок вир.
Господи од верба венец исплети ми
Над мојава глава пред напукнат ѕид.
Смрт од вода, страв од потоп
Изградете кораб, изградете мост
И бидете спремни на жестока љубов
Како на Оној, распнатиот на крст!
Еве доаѓам по нив,
Нема да одминам никого.
В рака носам огнен жиг
Посилен од нивното мастило
Еве ме пак и пак,
Немам страв но носам страшна пресуда
И носам радосна вест:
Твојата крв е нивна слобода!
Над главата ми летаат бесни змејови
Од очиве ми искрат молњи пламени
Замавнувам со мечот косам пред себе
Господи, ти си моето силно оружје!
Зад мене летаат сили и престоли
Бегајте гнасни ѕверој, змии, гуштери
Одвнатре бликнува твојата светлина
Ќе ги погубиме со убавина!

Like us on Facebook.....
-> Loading Time :0.0047 sec